Од улоги во романтични филмови како „Слаткиот ноември“ или „Куќа на езерото“, преку научно-фантастичниот филм „Матрикс“ до Џон Вик и Брзина - Киану Ривс може да се пофали со различно искуство, но има една улога што би сакал да ја додаде на неговиот актерски опус.
„Отсекогаш сум сакал да го играм Вулверин“, признава актерот.
Вулверин е уште еден херој од фабриката за суперхерои на Марвел, а колегата на Ривс, Хју Џекмен, го глумеше дури девет пати. Во последниот филм од 2017 година, мандатот на Џекмен во иконската улога заврши со смртта на Вулверин, оставајќи ја вратата отворена за нов актер. Сепак, Џекмен потврди дека повторно ќе го глуми Вулверин во претстојното продолжение на Дедпул.
Иако се уште чека да му се оствари оваа желба, Ривс исто така изрази желба повторно да се обиде во улогата што веќе ја одигра - би сакал повторно да учествува во акциониот хорор филм Константин. Тој призна дека веќе разговарал со режисерот Џејмс Ган за можното продолжение.
Шпекулациите за продолжение се шират во филмските кругови со години, а Ривс призна дека често поставува прашања за напредокот на преговорите за второто продолжение. Неодамна беше кажано дека Warner Bros работи на сценарио за продолжението, а сѐ зависи од Џејмс Ган, чие зелено светло се чека.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата