logo
logo
logo

Хајди Клум и Хали Бери голи за Велигден (фото)

Vecer | 18.04.2023

Хајди Клум и Хали Бери голи за Велигден (фото)

Празнувањето на семејниот празник на овие две убавици предизвика бројни коментари.

Поранешниот топ модел Хајди Клум (49) и холивудската ѕвезда Хали Бери (56) за Велигден ги почестија обожавателите со разголени фотографии.

Според реакциите на јавноста, многумина им завидуваат на соседите на овие убавици бидејќи  можат во живо да уживаат во нивната убавина.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Heidi Klum (@heidiklum)

Хајди Клум се фотографирала топлес во дворот на својата куќа покрај базенот. На главата има зајачки уши, а со рацете ги покрива голите гради.

Со исклучување на коментарите на нејзиниот Инстаграм профил, Хајди се поштедела од  непријатноста да ги чита бројните коментари за ваквото нејзино издание. Сепак ваквата нејзина објава, наиде на осуда.

Иако е на прагот на шестата деценија, Хајди сè почесто се слика гола, а фотографиите ги објавува на социјалните мрежи. Минатата есен, таа беше мета на бројни критики кога за време на снимање на реклама за долна облека ја бакна својата ќерка Лена во уста, но на некогашната ѕвезда на модните писти, не ѝ е гајле за критиките.

Ден претходно и холивудската ѕвезда Хали Бери ги почести фановите со разголени фотографии. Таа како од мајка родена е фотографирана на балконот од својата куќа додека во раката држи чаша бело вино.

-Го правам тоа што сакам. Среќна сабота – напишала таа во објавата.

Следеа илјадници коментари и комплименти за нејзиниот совршен изглед.

- Ух, твојот сосед сигурно ужива во прекрасната глетка. Блазе си му, многу му завидувам -

- Ти си божица, најубавата жена на светот, дама која пишува историја -

- Само напред девојко, уживај во животот - беа дел од коментарите на нејзината објава.

Хали во последно време сè почесто ги почестува своите обожаватели со разголени слики. Неодамна таа објави кадри од бањата по туширање и за малку ќе го „срушеше“ Интернетот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Halle Berry (@halleberry)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk