logo
logo
logo

Ќерката на Џек Озборн крстена по нејзиниот покоен дедо, Ози

Vecer | 12.03.2026

Ќерката на Џек Озборн крстена по нејзиниот покоен дедо, Ози

Среќната вест ја споделија на социјалните мрежи, а името го доби во чест на нејзиниот покоен дедо, легендарниот рок музичар Ози Озборн. 

Девојчето е родено на 5 март, а вчера родителите ја споделија радосната вест со јавноста. Во заедничка објава на Инстаграм кратко напишаа: „Ви ја претставуваме Ози Матилда Озборн“. Како и видео од новороденчето додека спие. 

На познатиот телевизиски продуцент и водител ова му е петто дете. Со сегашната сопруга веќе ја имаат ќерката Мејпл Артемис. Од претходниот брак со Лиза Стели има уште три ќерки: 13-годишната Перл Клементин, 10-годишната Енди Роуз и 7-годишната Мини Теодора. Двојката веста за доаѓањето на бебето ја добил лани. Тие биле пресреќни поради доаѓањето на новиот член. Озборн нагласи дека успеале да му ја соопштат веста за бременоста на неговиот татко пред неговата смрт, а тоа имало дополнителна емоционална тежина за семејството.

-Мислам дека тоа на некој начин ни помогна да не тагуваме многу, а воедно ни донесе и утеха - на чуден начин како да се затвори еден круг. Голем дел од негативната енергија се пренасочи кон нешто со повеќе надеж, изјави Џек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk