logo
logo
logo

Кејти Холмс има ново момче, девет години помлад од неа

Vecer | 19.07.2026

Кејти Холмс има ново момче, девет години помлад од неа

Актерката беше забележана на проекцијата на филмот „The Invitation“ во Ист Хемптон во друштво на уметникот од Њујорк, Боби Вутен Трети – иако во првичните извештаи тој погрешно беше идентификуван како Џејсон Бирд Џармоски. Парот пристигна на настанот држејќи се за раце, со што не оставија многу простор за шпекулации околу природата на нивната врска. „Џејсон ѝ шепотеше на уво, а таа се смееше цела вечер.

Изгледаа многу опуштено заедно“, изјави извор за списанието „People“. По проекцијата, Кејти Холмс и нејзиниот придружник се упатија на забава во ресторанот „The Boathouse“, каде што продолжија да се дружат со пријателите. Актерката Кејти Холмс е широко позната по бракот со Том Круз – или поточно, по нивниот скандалозен развод.

Еден од најпознатите холивудски парови беше во брак само шест години, а веста за нивниот развод во 2012 година многумина ја дочекаа со изненадување. Холмс ретко зборува за својот поранешен сопруг; се шпекулира дека таа поднела барање за развод поради силното влијание што Скиентологијата го имала врз Круз.

Според достапните информации, тој во последниве години ниту еднаш не се видел со својата ќерка Сури. Оттогаш, Холмс беше во врска со актерот Џејми Фокс, а се поврзуваше и со музичарот Боби Вутен, наведува списанието „Hello!“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk