Поранешниот Вардаровец и еден од адутите на Веселин Вујовиќ, Страхиња Милиќ - Џамбо призна дека доаѓањето во Вардар и Македонија воопшто му било сосема случајно.
Во тоа време играл во Партизан, каде е и сега, и дошол на покана на Веселин иако не му било баш по мерак.
- Во тоа време не сакав да дојдам долу, но клубовите веќе се беа договориле и така излезе. Мислев прво ќе дојдам на три месеци и тоа е тоа. Дојдов со страв, не знаев што се случува таму. Некои луѓе кои веќе биле таму не ми имаа дадено вистинска слика за Скопје и Македонија, па со самото тоа и за Вардар. После само два дена во Скопје реков дека го продолжувам договорот на една година и покрај тоа што ме чекаше тригодишен договор во германски клуб. Ме прашаа дали сум нормален, но ете, вели Џамбо.
На жешкото столче призна уште нешто, а тоа дека за да остане во Вардар требало да ослабе, но и дека заради овој клуб ја одбил Барселона...
Што уште кажа гледајте во видеото во продолжение:
[embed]https://www.youtube.com/watch?v=jhIhQ4K5QPE[/embed]
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата