logo
logo
logo

Како ќе звучи Македонија на Евросонг 2021? "Here I Stand“ нема да ве остави рамнодушни

Vecer | 11.03.2021

Како ќе звучи Македонија на Евросонг 2021? "Here I Stand“ нема да ве остави рамнодушни

Во денешниот Дневник 1 на МРТ, Васил беше специјален гостин, а песната официјално е објавена и на евровизискиот јутјуб – канал.

Премиерно пред македонската публика беше промовиран спотот за евровизиската песна „Here I stand“, во Дневник 1 на МРТ , со Васил Гарванлиев која ќе не претстави на 65-то издание на Евровизија во Ротердам, а сега веќе достапна и на јутјуб – каналот за сите евровизиски фанови.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=HbXczPgRI7Y&list=PLmWYEDTNOGUIFKZpE5Z2uOA5i48KVfqju[/embed]

Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата се погрижија Борче Кузмановски и Давор Јордановски.

„И покрај нашата желба да организираме промоција на евровизиската песна со присуство на новинари, со оглед на околностите во државата, воведување полициски час и зголемениот број на заразени од корона вирусот, одлучивме дека сепак е подобро да не организираме собири на кои сите би се изложиле на евентуална опасност и зараза“, соопштија од евровизискиот тим.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk