Според изворите, тој е негативно погоден од тоа што неговите родители споделуваат негови фотографии и го тагираат во објави на социјалните мрежи.
Тој испратил писмо до своите родители
26-годишниот Бруклин им испратил на своите родители писмо од адвокат затоа што наводно ги игнорирале неговите молби да престанат да објавуваат содржини со него на нивните профили. „Тоа почнало да влијае на неговото ментално здравје... тој го направил тоа за да се заштити себеси“, тврди изворот.
Конфликтот ескалирал за време на празниците
И покрај писмото, односите наводно се влошиле уште повеќе откако Викторија лајкнала една од неговите фотографии, а таа и Дејвид споделиле и стара слика од Бруклин за време на божиќните празници. Бруклин потоа ги блокирал на социјалните мрежи.
Друг проблем е што неговите родители наводно сè уште се однесуваат кон него како кон дете. Бруклин им кажал на пријателите дека би сакал да види напорите за помирување да се водат приватно, а не јавно.
Што стои зад несогласувањата?
Барањето за комуникација исклучиво преку адвокат наводно е поврзано и со приказните за неговата сопруга, Никола Пелц - дека таа го „контролира“ и го држи „како заложник“, како што тврдат некои. Раздорот стана повидлив и кога Бруклин и неговата сопруга не се појавија на забавата по повод 50-тиот роденден на Дејвид во мај минатата година.
Извор: Индекс.хр
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата