logo
logo
logo

Градоначалникот на Кан: Плажата ќе го носи името на Брижит Бардо

Vecer | 08.01.2026

Градоначалникот на Кан: Плажата ќе го носи името на Брижит Бардо

Плажата покрај Кроазета во Кан сега ќе се вика „Плажа Брижит Бардо“, објави градоначалникот на денот кога актерката беше погребана на крајбрежните гробишта во Сен Тропе.

„Големата јавна плажа во Кан ќе го носи нејзиното име“, рече тој.

Според градски службеник, Бардо била олицетворение на слободата.

Плажата Мас е исто така место за прикажување на филмови за време на Канскиот филмски фестивал.

Бардо почина на 28 декември на 91-годишна возраст.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk