Парот им позираше на фотографите на филмскиот фестивал во Венеција, а еден од фотографите падна додека ги снимаше и актерот му пријде на помош.
Клуни му помогна на фотографот да стане, а Амал стоеше до него. После тоа, актерот решил да го расположи фотографот, па го зел фотоапаратот и им се придружил на фоторепортерите од другата страна на црвениот тепих и почнал да се фотографира.
Неговиот потег ги воодушеви присутните, а фотографиите на кои актерот го гледа настанот со сериозен израз опкружен со насмеани фотографи го обиколија светот.
Да потсетиме, во новиот акционен филм Клуни глуми криминалец чија задача е да прикрие злосторство од висок профил. Но, кога Пит, ангажиран за истата работа, ќе се појави на местото на злосторството, двата волци-сами мора да ги здружат силите.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата