logo
logo
logo

Фото: Шерон Стоун секс бомба и во седмата деценија од животот

Vecer | 06.05.2026

Фото: Шерон Стоун секс бомба и во седмата деценија од животот

Ѕвездата на легендарниот „Ниски страсти“ се соблече во бикини и храбро го покажа своето тело без филтер.

Славната актерка традиционално воодушевува со својот изглед, уште од првиот ден кога се појави на малите екрани. На неодамнешното појавување во Лос Анџелес, таа им одржа лекција по мода на сите, а овој пат ги почасти своите обожаватели на социјалните мрежи.

Фаталната Шерон Стоун се погрижи да им го разубави викендот на сите, но го покажа и својот свет без филтри. Иако дури беше мета на коментари дека направила некои естетски корекции, актерката сега објави фотографија во бикини и без ни трага од шминка.

„Летото е тука, веднаш зад аголот“, напиша Шерон под објава во која позираше во шарено бикини.

Со овој потег, Шерон „купи“ многумина, најмногу поради фактот што не посегна по никакви филтри, а го покажа своето тело какво што навистина е во седмата деценија од животот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk