logo
logo
logo

Фото: Семејството и пријателите се збогуваат со Џорџо Армани: Ќе биде погребан покрај родителите и постариот брат

Vecer | 09.09.2025

Фото: Семејството и пријателите се збогуваат со Џорџо Армани: Ќе биде погребан покрај родителите и постариот брат

Славниот Армани почина минатата недела на 91-годишна возраст, а неговиот погреб се одржа во семејната капела во Ривалта, во близина на Пјаченца, родниот град на големиот Армани.

Според желбите на Џорџо Аермани, неговото тело ќе биде кремирано по церемонијата, а потоа погребано во семејната капела.

Вчера малото место близу Пјаченца, Ривалта беше затворена за туристи и посетители за време на погребот.

Погребната церемонија ја водеше монсињор Џузепе Бусани, а последниот чин од погребот е планиран за среда.

Инаку славниот Џорџо Армани ќе биде погребан покрај неговите родители и постариот брат во семејната гробница.

Во знак на почит кон модниот гигант, сите продавници на Армани вчера беа затворени, за вработените да можат во мир да му оддадат последна почит на човекот познат како „Ил Сињор Армани“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk