
Подготовките за гламурозната „прослава на вистинската љубов“ траеја три месеци, а најхармоничниот пар на естрадата се потруди сè да биде на свое место, да ги задоволи своите потреби и сите гости да се чувствуваат добро и удобно и да уживаат.

Зорица и Кемиш одлучиле оркестарот на Борко Радивојевиќ да биде задолжен за добрата атмосфера.

Музичарите одлично ја одработиле задачата за што добиле и огромен бакшиш.


Судејќи според видеата објавени на социјалните мрежи, Борко го направи својот дел повеќе од добро, бидејќи младенците го украсија со „брдо“ евра.


„Младенците“ редеа евра на неговата хармоника, и за само 40 секунди беа наредени околу 3.000 евра.

Инаку на свадбата на популарната Зорка и Кемиш беше присутна скоро целата српска естрада. Цеца, Ацо Пејовиќ....




© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата