logo
logo
logo

Фото: Холивудска ѕвезда со чевли со шилци на улица во Њујорк

Vecer | 05.05.2025

Фото: Холивудска ѕвезда со чевли со шилци на улица во Њујорк

Познатата актерка Блејк Лајвли повторно докажа зошто е една од модните икони на денешницата.

Холивудската ѕвезда на улиците на Њујорк блесна во мини здолниште украсено со кристали, но целото внимание го украдоа нејзините „опасни“ чевли со шилци.

Деновиве фотографите ја уловија Блејк Лајвли како се шета во Њујорк, а убавата русокоса привлече внимание со стил во кој доминираа штиклите со шилци. Актерката носеше впечатливи сандали на Christian Louboutin покриени со остри шилци со различна должина.

Станува збор за ексклузивен модел Estepic во сребрена варијанта кој наликува на роза со трња, а нивната цена е околу 3.000 долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk