Познатата манекенка Хејли Бибер сопругата на светската музичка ѕвезда Џастин Бибер, ја краси насловната страница на новиот мартовски број на австралиското списание „Вог“, а за оваа пригода позираше во неколку луксузни креации од светски познати дизајнери, идеални за претстојната пролет.
Постојат три различни насловни страници, па така Хејли е во едната фустан од Ив Сен Лоран, на другата акцентот е на впечатливите очила за сонце од Баленсијага, а на третата насловна страница носи розов капут од брендот Муглер.
Со оглед на тоа што Хејли Бибер е и модна инфлуенсерка и трендсетер, а поседува и сопствен бренд за козметика Rhode, беше очекувано дека нејзините модни комбинации за едиторијалот ќе послужат како инспирација за многу дами за претстојниот период.
Хејли на фотките позира во кожна јакна и гаќички, но и во црвен мрежест градник. На едната од фотографиите беше уште похрабра - додека позираше во долг црн фустан, нејзиниот гол задник е во преден план, додека на другата беше покриена само со црна сатенска голема машна.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата