logo
logo
logo

Фото: Карлеуша за Велигден се луксузира во Дубаи

Vecer | 15.04.2023

Фото: Карлеуша за Велигден се луксузира во Дубаи

 Карлеуша за седум дена во егзотичниот Дубаи каде е со со ќерките Атина и Ника ќе потроши  фантастични 24.200 евра!

Според медиумите  пејачката потрошила 8.500 евра за еден од најскапите хотели во Дубаи, 4.300 евра за авионски билети во бизнис класа, додека за шопинг во дуќаните на светски брендови веќе потрошила 11.400 евра!

- Јелена престојува во еден од најлуксузните хотели во Дубаи („Five Palm Jumeirah“) со all inclusive услуга, бидејќи сака што повеќе да ужива во патувањето со своите ќерки. Хотелот има приватна плажа, што и беше многу важно на Карлеуша бидејќи сакаше мир. Покрај тоа, на располагање има и неколку отворени базени, спа центар, ресторани во кои храната ја подготвуваат светски познати готвачи... Нејзиниот апартман има голема тераса и поглед кон морето – изјавил изворот близок до Јелена за српски Информер.

Сексапилната пејачка во екслузивните дуќани низ Дубаи според изворот потрошил околу 12000 евра за боди со драги камење.

- Таа веднаш го посетила бутикот на омилениот бренд „Долче и Габана“ и купила боди со украсни камења за 8.950 евра. За ракавици од иста марка со идентични украси платила дури 2.450 евра. Овој скап стајлинг ќе го носи за потребите на снимањето на насловната страница на албумот „Алфа“, на кој напорно работеше, истакнал изворот близок на Јелена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk