Манекенката која според милиони е една од најубавите жени во светот, Бела Хадид, се појави на премиерата на серијата „Убавицата“, во која и таа има улога, во издание кое ги остави сите со отворена уста.

Бела ги остави сите во сенка со својата убавина и нереален фустан.
Ставот и изгледот на Бела Хадид се неоспорни фактори во сето ова, но заслугата оди и на модната куќа „Скијапарели“, чија креација ја носеше убавата манекенка.
Црвен свилен фустан од колекцијата есен 2025 доминираше на црвениот тепих во Њујорк.

Интересно е што целиот фустан е всушност транспарентен, само со дијамантски набори што ги покриваат нејзините гради и струк, објавува Superwoman.

Многумина се согласиле дека Бела Хадид е далеку над секоја конкуренција сè додека изгледа вака совршено. Не е ни чудо што според теоријата за златниот пресек, таа е избрана за најубава жена на светот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата