Џенифер Лопез на премиерата на филмот „Unstoppable“ се појави во фустан за кој зборува светот .
Прекрасната Џеј Ло, која неодамна објави дека се разведува од Бен Афлек, беше убедливо најголемата атракција на црвениот тепих. На премиерата на филмот „Unstoppable“, кој го сними заедно со поранешниот сопруг, Лопез носеше фустан инспириран од диско топки, потпишан од австралиската дизајнерка Тамара Ралф.
Фустанот е изработен од материјал со апликации така што изгледа како површина на диско топка, а фрла светлина наоколу.
На страна практично нема материјал, но има црни машнички кои го држат фустанот на телото.
Кога Џеј Ло се сврте, беше јасно дека не носи долна облека, а фотографиите станаа вирални низ светот. Премиерата на филмот беше на филмскиот фестивал во Торонто, а иако многумина мислеа дека Лопез нема да се појави за да не мора да зборува за разводот, таа дојде и блесна во овој фустан.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата