logo
logo
logo

Фото: Дејвид Бекам со фотка во купачи го прослави својот 51-ви роденден

Vecer | 03.05.2026

Фото: Дејвид Бекам со фотка во купачи го прослави својот 51-ви роденден

Славниот фудбалер Дејвид Бекам вчера наполни 51 година и официјално влезе во својата шеста деценија од живото, иако многумина би рекле дека е барем неколку години помлад.

Како и обично, Викторија уште еднаш покажа дека на воодушевување на женските фанови на нејзиниот сопруг повторно ја продолжи традицијата на објавување на фотки од Дејвид од приватната архива.

Во чест на Дејвид, Викторија објави серија фотографии со емотивна порака, а првата во серијата беше онаа на која поранешниот фудбалер позира во купачи.

„Ти си нашиот свет, нашето сè. Те сакаме толку многу! Среќен роденден на најдобриот сопруг, татко, син, брат, пријател. Ти си најљубезната и најдарежлива личност. Денес ќе те разгалиме. Никој не го заслужува тоа повеќе од тебе“, напиша Викторија.

Викторија Бекам сподели фотки на социјалните мрежи на кои покажува како  нејзиниот сопруг Дејвид Бекам го поминува роденденот во опуштена, атмосфера на фарма.

 Дејвид и Викторија Бекам успеаја да изградат имиџ на хармонично семејство сите овие години, иако по нив следеа бројни интриги, најчесто поврзани со неговото неверство. Сепак, тие сè оставија во минатото и, ако им веруваме на овие зборови што Викторија постојано му ги посветува, тие се обожаваат еден со друг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk