По втората полуфинална вечер на Евровизија, синоќа, познати се сите 26 земји кои ќе се натпреваруваат во големото финале. Десетте нови финалисти се Бугарија, Украина, Норвешка, Австралија, Романија, Малта, Кипар, Албанија, Данска и Чешка. Покрај нив, директен премин имаат и Обединетото Кралство и Франција, како и Австрија како земја домаќин. Овие три земји настапија и на втората вечер.По првото полуфинале, во вторникот, во финале се пласираа претставниците на Грција, Финска, Белгија, Шведска, Молдавија, Израел, Србија, Хрватска, Литванија и Полска.
Во текот на вечерта, три земји кои имаат директно место во финалето, исто така, ги претставија своите песни: земјата домаќин Австрија со песната „Tanzschein“ во изведба на Cosme, Франција претставена од Monroe со песната „Regarde“ и Обединетото Кралство со изведувачот Look Mum No Computer и песната „Eins, Zwei, Drei“.
Големото финале е в сабота, од 21 часот. Еве го редоследот по настапи:

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата