logo
logo
logo

Кој е пејачот чија фотографија ја користеле криминалците на ФАЛСИФИКУВАНИТЕ ПАСОШИ?

Vecer | 09.04.2025

Кој е пејачот чија фотографија ја користеле криминалците на ФАЛСИФИКУВАНИТЕ ПАСОШИ?

Според информациите собрани во текот на истрагата, член на криминалната група која беше обвинета за ликвидација на „шкаљаците“ во Атина и Крф во 2020 година користел два фалсификувани пасоши со фотографии од српскиот пејач Среќко Кречар, пишуваат медиумите во соседството!

Имено, Среќко Кречар е родум од Крагуевац, а тој и бендот настапуваат во белградските ноќни клубови, пабови и сплавови. На јавноста и е познат по дуетот со Андреана Чекиќ. Инаку, Среќко Кречар е добар пријател и со Дарко Лазиќ. Се шпекулираше дека на прославата на 18-тиот роденден на неговата ќерка, пејачот бил удрен со чаша од Дарко Лазиќ, каде што бил гостин. Сепак, тие го демантираа ова. Наводно, Кречар се повредил за време на забавата кога скршил чаша. 

Среќко Кречар е познат по хитот „Победник“. Подоцна завршил средно музичко училиште и музичка академија. Среќко Кречар речиси две децении е во брак со сопругата Марија, со која има три ќерки.

- Имаше моменти кога чувствував потреба да му го свртам вниманието на некои работи и како пријател и како колега. Мое беше да кажам, а дали ќе го усвои после тоа е негова работа, рече еднаш за колегата Дарко Лазиќ. 

Да потсетиме, според информациите собрани во текот на истрагата, член на криминалната група која беше обвинета за ликвидации на „шкаљаците“ во Атина и Крф во 2020 година, користел два фалсификувани пасоши со фотографии од српскиот пејач Среќко Кречар.

Како што е наведено во обвинението против 19 лица, меѓу кои Вељко Беливук, Дарко Шариќ и Милинко Брашновиќ, улогата на обвинетиот Слободан Вујачиќ била да обезбеди станови на територијата на Грција кои биле користени за престој на убијци, криење оружје и планирање на злосторства, а со цел да не се открие користел фалсификуван пасош со туѓ име и фотографија на пејачот.

- Фотографиите што се користени за фалсификуваниот пасош се преземени од веб-страниците за кои Кречар давал интервјуа, додава соговорникот.

– Слободан Вујачиќ, кој беше уапсен во февруари минатата година, според обвинението, имал задача да користи фалсификувани документи за изнајмување станови во Атина и куќи на Крф, кои им биле потребни за планирање злосторства, криење на убијците пред и по злосторството, како и за чување оружје, вели изворот на српски Курир.

Интересно е што Вујачиќ, кој е родум од Сараево, имал дури и два фалсификувани пасоши. Едниот на име Мастроџовани Дарио Гуљелмо од Германија, а другиот на името на Италијанецот Роси Марко.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk