logo
logo
logo

Ентони Хопкинс мразел да работи со еден режисер: „Изопачен садист“

Vecer | 05.01.2026

Ентони Хопкинс мразел да работи со еден режисер: „Изопачен садист“

Всушност, тој се бори против она што го смета за лошо во својата професија уште од ‘60-тите години на минатиот век.

Ентони Хопкинс и покрај својот статус на еден од најпочитуваните актери во својата генерација, двократен добитник на Оскар, и денес, без влакна на јазикот, критикува сè, од церемониите на доделување награди до помладите актери кои се гледаат себеси како новиот Марлон Брандо.

Сепак, додека повеќето луѓе кои работеле со него зборуваат за неговата професионалност и посветеност, Хопкинс има и друга страна. Кога некого не го поднесува, јасно му дава до  знаење. Низ годините, тој се судрил со голем број познати имиња, но ако постоела личност која навистина ја презирал, тоа бил театарскиот режисер Џон Декстер, кого Хопкинс отворено го нарекувал садист, објавува списанието “Far Out Magazine“.

И покрај нивното отворено непријателство, Декстер рекол дека е „многу подобар актер отколку што мислел“

 Нивната соработка започнала во 1974 година на оригиналната бродвејска продукција на „Еквиус“, продолжила една година подоцна со „Мизантропот“, и повторно работеле заедно на првата верзија на „М. Батерфлај“ во 1988 година. Иако Хопкинс го мразел Декстер, актерот призна дека режисерот го извлекувал најдоброто од него.

Во својата автобиографија, “We Did OK, Kid“, тој напишал: „Едно нешто знаев со сигурност. Не влегов во оваа актерска работа за да ме казнува еден расипан, растроен мал садист, како  Џон Декстер“.

Потсетувајќи се на една средба со Декстер, која ја опишал како „злокобна“, Хопкинс рекол дека режисерот го прашал зошто го напуштил порано. „Затоа што ти беше лош мал гад“, му одговорил. Декстер му возвратил со иста мера: „Да, златен, но тебе ти е потребен таков лош мал гад за да те режира“.

И покрај нивното отворено непријателство, Декстер рекол дека е „многу подобар актер отколку што мислел“, а нивната соработка завршила со тоа што Хопкинс ја освоил награда „Тони- Најдобар главен актер“ во драма.

Тензијата помеѓу нив произлегла од екстремната контрола и инсистирањето на режисерот Декстер да ги турка актерите до нивните граници. Хопкинс бил навикнат на независност и не сакал да го принудуваат толку агресивно на непријатности.

Сепак тој признава дека овие методи му помогнале да постигне некои од своите најдобри изведби. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk