58 годишниот Винсент Касел и 30 години помладата Нара Баптиста, добија син.
- Погодете кој е роден на 7 јануари 2025. Тој е веќе паметен и полн со здравје, љубов и поезија. „Најкул“ фраер на сите времиња – напиша Касел на социјалните мрежи и откри како го крстиле момчето Каетано.
Инаку, ова е четврто дете на Касел. Од бракот со Моника Белучи ги има ќерките Дева и Леони, а со Тина Кунакај ја има ќерката Амазон.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата