Политичкиот трилер „Една битка по друга“, со Леонардо Ди Каприо во главната улога, режиран од страна на Пол Томас Андерсон ја доби овогодинешната престижна награда „Оскар“ за најдобар филм. Фабулата на филмот прикажува паднат револуционер што се обидува да ја спаси ќерка си од поранешен непријател.
Андерсон доби награди и за најдобар режисер и најдобро адаптирано сценарио.
-Оваа година има толку многу одлични филмови. Навистина се расплакав кога ја добив наградата за најдобар режисер и заборавив да и се заблагодарам на мојата екипа. Вие сте срцето на овој филм, целиот тим. Каква вечер, ајде да се напиеме мартини, ова е неверојатно,- Пол Томас Андерсон – Режисер на „Една битка по друга“, Оскар за најдобар филм 2026.
За истиот филм, статуетки добија и Шон Пен за најдобар спореден глумец, Енди Јургенсен за најдобра монтажа и Касандра Кулукундис за најдобар кастинг. За најдобра споредна актерка беше прогласена Ејми Медиген од филмот „Оружје“ која се изнасмеа откако и беше врачен оскарот.
-Ова е одлично,- – Еми Медиген – Оскар за најдобра споредна актерка.
Водителот Конан О’ Брајан се пошегува на сметка на главниот лик во филмот Леонардо ди Каприо Дека е крал на интернет-шегите поради неговите карактеристични гестикулации во бројни филмови и го повика да направи нова со која ќе покаже дека не се согласува.
-Ајде да направиме нова интернет шега со Лео (Леонардо ди Каприо) веднаш. „Чувството кога не се согласуваш со ова“,-- Конан О Брајан – водител.
О’ Брајан не ја изостави ниту темата за фајловите на Епстин. Вели од Британија порачале дека ги апсат своите педофили.
-За првпат од 2012 година (за оскар) не се номинирани најдобар актер или актерка. Портпаролот на Британија рече „да, па, во најмала рака ние ги апсиме нашите педофили“,-- Конан О Брајан –водител.
Главни награди беа доделени на актери од други филмови. Џеси Бакли е најдобра актерка во филмот „Хамнет“, а Мајкл Бакари Џордан е најдобар глумец во „Грешници“, а филмот доби и награди за кинематографија, оригинална музика и најдобро сценарио.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата