logo
logo
logo

ОД „ФРОСИНА“ ДО ЛЕГЕНДА: 10 години без Ацо Јовановски

Vecer | 18.03.2026

ОД „ФРОСИНА“ ДО ЛЕГЕНДА: 10 години без Ацо Јовановски

Денеска се навршуваат 10 години од смртта на бардот на македонското актерство Ацо Јовановски-Снагата. Почина во Скопје, на 18 март 2016 година на 86 годишна возраст.

Публиката го памети по улогата на Досе во „Бегалка“, која станува една од неговите заштитни улоги. Роден скопјанец, Ацо е македонскиот Џејмс Дин, Џорџ Клуни, македонскиот филмски херој кој играше во над 60 филмови во поранешна Југославија и во Македонија, а во театарот изигра над 100 улоги.

Филмската кариера ја започнува со улога во првиот македонски филм „Фросина“ во 1952 година. По него следуваат „Мирно лето“, „Црно семе“, „Жед“, „Македонски дел од пеколот“, „Селска буна“, „Најдолгиот пат“, „Оловна бригада“, „Црвениот коњ“, „Јазол“, „Ангели на отпад“, како и многу ТВ филмови и серии како „Јагне на ражен“, „Илинден“, „Волшебното самарче“, „Претежно ведро“, „Трето доба“, „Погрешно време“…

Прекарот „Снагата“, го добил зашто во младоста бил исклучително слаб, тенок и висок, а се правел важен во расправии и во боемските дискусии.

Покрај незаборавните улоги, тој остави генерации одлични актери зад себе, ќерката Силвија Стојановска, со нејзините ќерки, глумиците Јана и Ана Стојановски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk