logo
logo
logo

Јована Јеремиќ: Следниот сопруг мора да ми овозможи НА РАБОТА ДА ДОАЃАМ СО АВИОН

Vecer | 10.05.2025

Јована Јеремиќ: Следниот сопруг мора да ми овозможи НА РАБОТА ДА ДОАЃАМ СО АВИОН

Српската ТВ Пинк е најголема ТВ продукција на Балканот, со над 30 ТВ канали во различни, претежно забавани, содржини и формати. Притоа, ТВ Пинк е постојано под пристисок да создава нови лица и да ги промовира нови ТВ ѕвезди дури и кога нема никакви капацитети за тоа - да бидат барем скандалозни и да привлечат публика.

Јована Јеремиќ, водителката на утринската програма на ТВ Пинк е токму таков случај.

Со скромни физички и интелектуални капацитети, но радикално скандалозна и дрска, поставена пред камерите на ТВ Пинк, најголемата ТВ прокукција на Балканот, Пинк најде публика за Јована Јеремиќ и наоѓа постојано нови скандали и провокации кои ја држат пред очите на јавноста. 

По доаѓањето на Пинк Јована се разведе и стапи во врска со лик кој се занимава со пекари и пецива, солидно финансиски поткован, кој се истури од плаќање за нејзините каприци и сканадали, патувања и подароци а за кого таа година дена тврдеше дека е мажот на нејзиниот живот, дека имаат секс три пати на ден, дека ќе се венчаат па дири потврди и дека се верени. И, без никаква најава, пред околу недела дена, изјави дека не е веќе со него. Толку од бомбастичните изјави.

Дали ликот е веќе банкротиран или тоа наскоро му следи не е познато.

Пред врската со “кралот на пекарите“ Драган Станковиќ, на која неодамна и стави крај, Јована Јеремиќ зборуваше за тоа каков ќе биде нејзиниот втор сопруг.

Иако имаа големи планови, а сè почесто ја споменуваа свадбата, Јована Јеремиќ се исели од вилата на Драган, која се наоѓа во селото Грочка, и се врати во својот стан, а потоа издаде соопштение во кое ја информираше јавноста дека нивната врска е завршена бидејќи имале различни погледи за иднината.

Патем, по разводот од политичарот Воислав Милошевиќ, Јована често нагласувала дека е сигурна дека нешто големо ја чека и дека нејзиниот иден сопруг ќе биде моќен и богат човек, пренесува Блиц.

- Сега кога ви кажувам за мојот втор сопруг, како да го гледам, но го нема, сè уште не сум го запознала, а точно знам каков ќе биде. Мојот втор сопруг ќе биде моќен човек, нема да биде од Србија, тој е од наше потекло, но живее во странство. Ќе бидам во авионот цело време, го знам тоа, ќе доаѓам на работа со авион за да ја направам претставата. Мојот сопруг ќе биде како сопругот на Сандра Мелниченко. Тој или ќе се занимава со нафтена индустрија или ќе има синџир ресторани и кафулиња, некои ќе мислат дека сум луда, но така ќе биде - рекла Јована пред неколку години, пред да го запознае Драган Станковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk