logo
logo
logo

Плазма коцки: КРАЛСКИ ДЕСЕРТ кој НЕ БАРА РЕРНА

Vecer | 13.04.2026

Плазма коцки: КРАЛСКИ ДЕСЕРТ кој НЕ БАРА РЕРНА

Ако барате десерт кој ќе ја засени секоја друга слатка на трпезата, овие плазма коцки се вистинскиот избор. Богати, кремасти и неверојатно брзи за подготовка – без ниту една минута помината покрај жешката рерна. Спас за секоја домаќинка која сака совршен вкус без бесконечни часови во кујната. Подгответе се за празни чинии и многу комплименти!

Подлога:

300 г мелена плазма

125 г маргарин или путер

2 лажици шеќер во прав

околу 10–13 лажици млеко

Фил за крем:

500 г милерама или маскарпоне

250 мл слатка павлака

100 г бело чоколадо

100 г мелена плазма

2 лажици шеќер во прав

1 кесичка желатин

Прелив:

100 г бело чоколадо

80 мл слатка павлака

Подготовка

1. Подготовка на подлогата

Во голем сад измешајте ја мелената плазма и шеќерот во прав. Додадете растопен маргарин или путер и постепено додавајте млеко додека не добиете компактна смеса.

Смесата ставете ја во калап обложен со хартија за печење и убаво израмнете ја.

Оставете во фрижидер да се стегне додека го подготвувате филот.

2. Подготовка на желатин

Прелијте го желатинот со 4 лажици ладна вода и оставете го да набабри 5-10 минути.

Потоа загревајте го лесно (не дозволувајте да зоврие) додека не се раствори.

3. Подготовка на филот

Изматете ја слатката павлака во цврст шлаг.

Во друг сад измешајте милерам (или маскарпоне), шеќер во прав и растопено бело чоколадо. Додадете мелена плазма и добро измешајте.

Нежно измешајте го растопениот желатин во смесата, а потоа и шлагот, мешајќи полека за филот да остане воздушест.

4. Фил

Рамномерно распоредете го подготвениот фил врз основата.

Израмнете ја површината и вратете го во фрижидер.

5. Подготовка на преливот

На тивок оган или во микробранова печка, растопете го белото чоколадо со слатката павлака мешајќи додека да добиете мазна смеса.

Оладете го малку, а потоа прелијте го филот.

6. Ладење

Оставете го колачот во фрижидер најмалку 3 часа, а идеално преку ноќ, за да се стегне убаво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk