logo
logo
logo

Џорџ Клуни се повлекува од глумата

Vecer | 02.10.2025

Џорџ Клуни се повлекува од глумата

Клуни откри дека ќе направи пауза од глумата за да се фокусира на своите 8-годишни близнаци со својата сопруга, Амал, добро позната адвокатка за човекови права.

- Веќе не сум во тоа лудо брзање да бидам успешен. Ја имав мојата кариера на многу начини и работите некако се смирија, па сега можам многу да бидам дома со моите деца и тоа е навистина забавно. Сè уште сум доволно млад за да можам да трчам наоколу со нив. Тоа почнува брзо да исчезнува. Но, во моментов сè уште можам да го правам тоа. Значи, навистина се забавувам“, изјави Клуни за „Фокс Екстра“.

Клуни, кој зборуваше на премиерата на својот последен филм „Џеј Кели“ на Филмскиот фестивал во Њујорк, рече дека ја жртвувал изминатата деценија за да работи во Холивуд на сметка на своите деца и сопругата, Амал.

Ѕвездата од „Единаесеттемина на Оушн“, кој со сопругата Амал ги има 8-годишните близнаци Александар и Ела, рече:

„Дефинитивно не е само шоубизнис искуство. Веројатно ги имате истите разговори во речиси секоја професија: „Жалам што не ги пропуштив важните искуства на моите деца додека работев. Тоа е жртвата што ја правите за да успеете во која било работа.“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk