logo
logo
logo

Џон Траволта уште не може да се соземе по средбата на неговата фатална колешка: Одзема здив

Vecer | 13.09.2024

Џон Траволта уште не може да се соземе по средбата на неговата фатална колешка: Одзема здив

„Маргот Роби... боже мој, можам само да сонувам. Едноставно ја сакам и таа беше во една од моите омилени емисии „Pan Am““, откри Траволта во интервјуто што допрва ќе се емитува, пренесува Daily Mail.

Роби ја доби улогата во американската авијациска драма откако се пресели во Холивуд. Иако серијата траеше само една сезона, улогата на стјуардеса Лора Камерон ја доведе нејзината кариера во Америка на високо ниво.

„Првпат ја запознав на Оскарите пред две години и ѝ реков: „Ја видов твојата серија „Pan Am“, знаеш, беше навистина добра, ти беше навистина добра. Слушнав дека отсекогаш си сакала да бидеш стјуардеса?“, се сеќава Траволта како ја запознал својата „колешка од соништата“.

„Таа рече: „Не! Отсекогаш сакав да бидам пилот!“, раскажува актерот, кој е квалификуван пилот. Инаку, Траволта почнал да учи да лета кога имал 15 години, а првата дозвола за авион ја добил во 1978 година, кога неговиот култен мјузикл „Grease“ премиерно се прикажуваше во кината.

„Јас ѝ реков: „Дали знаеш дека имало грешка во твојот филм „Беше еднаш во Холивуд“? Авионот  747 не леташе пред 1970 година“, раскажа актерот и додаде дека Роби била повеќе фасцинирана од тоа дека режисерот на тој проект Квентин Тарантино, отколку „драматуршки да го брани“.

„Знам од каде го знае тоа, 747 имаше пробен лет во 1969 година - но Маргот, наместо да го брани, таа беше многу повеќе фасцинирана од тоа како Квентин ќе одговори. И сака да биде пилот - и двете нешта ме натераа да ја засакам уште повеќе, а таа е прекрасна.“заклучува Траволта.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk