Анистон за оваа пригода носела црни фармерки, бела маичка, црн елек и чизми со потпетици, додека Паскал бил облечен во црна јакна и фармерки.
Беа фотографирани по вечерата.
Иако пристигнаа на вечера одделно, нешто по 20 часот, а исто така одделно го напуштија ресторанот околу половина час пред полноќ, тие беа фотографирани како разговараат надвор од сервисниот простор, непосредно пред да се разделат, а фотографиите ги објави Дејли Мејл. Нивната средба доаѓа по гласините дека Педро Паскал би можел да добие улога во серијата на Анистон The Morning Show.
На црвениот тепих на наградите за избор на критичарите, Анистон и нејзината колешка Рис Витерспун јавно го поканија Паскал да се придружи на актерската екипа во четвртата сезона на популарната серија. „Дали сакате да бидете дел од серијата? праша Анистон, додека Витерспун додаде: „Чекај, ние всушност имаме навистина добра улога за него“.
Паскал одговори дека сака да знае повеќе детали и праша дали неговата потенцијална улога ќе вклучува „нешто романтично со некого“, на што Анистон се насмеа и рече: „Со сите нас“. Актерот се пошегувал, а потоа рекол дека се согласува. „Спијам со сите во шоуто. Во ред е. Океј, треба да проверам кај моите агенти“, додаде тој.
Анистон веројатно е сингл.
Инаку, Анистон во последно време ретко е романтично поврзана со некого. За потсетување, таа беше во брак со Бред Пит од 2000 до 2005 година, а потоа и со актерот Џастин Теру, со кого се омажи во 2015 година, а се разведоа во 2017 година.
Неодамна медиумите објавија дека нејзиниот поранешен сопруг Теру повторно се оженил, со 23 години помладата актерка Никол Брајдон Блум. Парот наводно имал интимна венчавка во Тулум, Мексико, каде што размениле завети на плажа. Теру и Блум се запознале на забава во куќата на заеднички пријател, а првпат биле видени заедно во јавноста во февруари 2023 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата