Скандалозното однесување на богатата наследничка на светската музичка ѕвезда Бијонсе, го привлече вниманието на сите. Мет Гала 2026 се одржа, традиционално, првиот понеделник во мај, а темата оваа година беше „Модата е уметност“, што им даде на многу уметници практично одврзани раце да си играат со своите изданија.
Сепак, покрај бројните јавни и многу влијателни личности, на црвениот тепих се појави и ќерката на музичката дива Бијонсе и раперот Џеј Зи.
И покрај фактот дека на никој под 18 години не му беше дозволено да влезе, се чини дека 14-годишната Блу Ајви е веќе привилегирана поради нејзините познати родители.
Сепак, на многумина вниманието им го привлече нејзиното арогантно однесување, особено по видеото што се појави на социјалните мрежи, на кое ја гледаме богатата наследничка како одбива да ги извади очилата на црвениот тепих, и покрај тоа што тоа го замолиле и нејзиниот татко и организаторот на настанот.
„Оставете ме на мира“, промрмори Блу Ајви додека позираше, одбивајќи да ги извади, што многумина го осудија. Таа се одлучи за едноставен бел фустан од корсет над кој носеше дуксер, а им се придружи и Џеј Зи.
@entertainmenttonight Blue Ivy refused to take off her sunglasses at the #MetGala and we gotta respect it 😎 #blueivy #beyonce #jayz #met ♬ original sound - Entertainment Tonight
Инаку, „Домаќинките“ на овогодинешната Мет Гала се Бијонсе, Никол Кидман, Венус Вилијамс и неизбежната Ана Винтур. Како што се очекуваше, доаѓањето на „кралицата на попот“ беше едно од најочекуваните, со оглед на тоа што таа не се појавила на овој настан 10 години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата