logo
logo
logo

Џорџина на Нетфликс отворено за животот со Роналдо: „Едвај чекам Кристијано да ме запроси“

Vecer | 28.09.2021

Џорџина на Нетфликс отворено за животот со Роналдо: „Едвај чекам Кристијано да ме запроси“

Џоргина Родригез (27) неодамна сними документарен филм за нејзиниот живот наречен „Јас сум Џорџина“, и откри дека едвај чека Кристијано Роналдо да „го постави судбоносното прашање“.

„Не зависи од мене, но јас би сакала“, рече таа во краткиот клип што го објави на својот Инстаграм.

- Мојата реалност доаѓа наскоро на Нетфликс. Едвај чекам да ја видите, многу сум возбудена - напиша таа во објавата.

Џорџина и Роналдо ја имаат тригодишната ќерка Алана Мартина и заедно ги воспитуваат неговите други деца, Кристијана (11), Матеа (4) и Ева Марија (4).

- Се сретнав со Кристијано еден летен четврток, кога излегував од продавницата и сретнав убав темен дечко, висок речиси два метри.

Документарецот ќе се фокусира на животот на Џорџина, како и нивната љубовна приказна, и како Роналдо се заљубил во младата продавачка.

- Имам 27 години и мојот живот целосно се промени пред пет години - рече таа во еден од клиповите.

Се уште не се знае кога точно ќе се прикаже документарниот филм, но Џорџина најави дека треба да биде наскоро.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk