logo
logo
logo

Девојка ѝ се нафрли на Анџелина Џоли, сите ја пофалија нејзината реакција (ВИДЕО)

Vecer | 11.09.2024

Девојка ѝ се нафрли на Анџелина Џоли, сите ја пофалија нејзината реакција (ВИДЕО)

Таа беше на фестивалот за премиерата на нејзината воена драма „Без крв“, која ја напиша и режираше. Сепак, на социјалните мрежи се прошири видео од една ситуација и многумина се шокирани од однесувањето на една обожувателка.

Додека Џоли позирала со фановите, била опкружена со неколку обезбедувачи. Но, тие не беа проблем за една обожавателка која притрча до актерката и силно ја прегрна. По очигледниот првичен шок на лицето на актерката, таа сфатила дека девојката не е закана и имала краток разговор со неа.

@vanessatresjolie 😅 #angelinajolie #fan #hug #security #tiff #toronto #withoutblood ♬ suono originale - ANGELINA JOLIE ALIKE

Девојката беше во солзи додека зборуваше со Џоли, а потоа беше придружувано од обезбедувањето. Џоли им рекла да „бидат добри“ со девојката.

Видеото од инцидентот веќе почна да се шири на социјалните мрежи. Иако многумина ја фалат реакцијата на актерката, тие исто така нагласуваат дека инцидентот можел да тргне наопаку.

„За среќа, обожувателката беше безопасна“, „Анџелина добро реагираше, но фановите навистина треба да научат за личниот простор“, „Драго ми е што Анџелина Џоли е добро и покрај храбриот потег на обожавателката“, „Ова е толку страшно. Замислете да беше различен тип на „обожувател““, „Некој од нејзиниот тим за обезбедување треба да биде отпуштен“, „Потребно ѝ е подобро обезбедување ако обожувател може така лесно да стигне до неа, замислете ако сака да ја повреди, има многу луди луѓе таму“, се дел од коментарите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk