Филмскиот фестивал во Кан, 79-ти по ред, угости бројни јавни личности од сите делови на светот, а првата вечер на овој престижен настан ја одбележа, секако, дефилето на ѕвездите по црвениот тепих.
И додека еден дел од убавиците се фокусираа на раскошните кроеви на своите тоалети, другиот пак ги насочи своите сили кон негуваниот изглед. На пример, Џејн Фонда, со минимален труд и блескава насмевка, ги привлече сите погледи на црвениот тепих.
Како што може да се види, актерката се појави во макси-фустан со рамен крој и долги ракави. Интересни беа и деталите на креацијата – шљокиците кои го истакнаа гламурот на оваа легендарна холивудска дива, но и предимензионираниот ѓердан кој беше главниот адут на овој стајлинг.
Џејн Фонда го надополни изданието со брановидна „боб“ фризура, но и со впечатлива шминка која го стави акцентот на нејзиното негувано лице. Токму тука се крие целиот нејзин шарм кој многумина го обожаваат. Луѓето и понатаму не веруваат дека Џејн Фонда изгледа вака во својата 89-та година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата