logo
logo
logo

Дали го имаме апсолутниот хит за 2026 година? Новата песна „ЛИДИЈА“ на Young Dadi УРИВА РЕКОРДИ (ВИДЕО)

Vecer | 03.04.2026

Дали го имаме апсолутниот хит за 2026 година? Новата песна „ЛИДИЈА“ на Young Dadi УРИВА РЕКОРДИ (ВИДЕО)

„Лидија“ е новата песна на младиот рапер Young Dadi. Музиката и текстот се на Давид Данилоски (Young Dadi), а аранжамнот е на Андреј Ник во копродукција со Димитар Николов.

За оваа песна, Young Dadi сними и спот во режија на Илија Димкоски, а директор на фотографија е Борис Ралев. Во спотот се појавуваат актерот Тино Костадиновски и повеќе статисти заедно со Young Dadi, кој за видеото вели дека е како сложувалка која никој не ја составил до крај.

Низ тие неколку минути поминуваат Сергеј Варошлија, Марија Јанчевска, Ема Камчевска, Филип Додевски, Александра Белчева, Сандра Камилоска, Александар Андевски, Андреј Костоски, Јаков Ристовски, Мартин Христов, Стефан Јевтиќ, Јордан Јосифов, Георги Георгиевски, Јована Ѓорѓиеска и Моника Бајлозова - како да секој носи дел од сложувалката, ама никој не ја составува докрај.

Целата приказна е затворена во лифт, ама атмосферата е сè освен затворена. Young Dadi влегува, излегува, чека, бара. Лидија е тука некаде - или барем така изгледа. Вратите се отвораат, се менуваат лица, ситуации, енергии...

Групата „Ареа“ лани го преработи својот стар хит „Очи ангелски“ во дует со Јанг Дади. Тој гостуваше на концертот на „Ареа“ на 8 ноември во салата „Јане Сандански“ во Скопје, по повод 25 години од албумот „Врати на имагинација“.

Едно е сигурно - „Лидија“ не се гледа еднаш, а се пее постојано, заразна е.

Честитки за младиот Young Dadi, има 134.000 прегледи за една недела и е прв на Трендинг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk