logo
logo
logo

Лејди Гага со 2,1 милиони обожаватели на плажата Копакабана

Vecer | 04.05.2025

Лејди Гага со  2,1 милиони обожаватели на плажата Копакабана

Лејди Гага синоќа одржа бесплатен концерт пред повеќе од два милиони обожаватели кои дојдоа на плажата Копакабана во Рио де Жанеиро за најголемиот концерт во нејзината кариера.

За да можат милиони луѓе да ја видат Лејди Гага во живо, беа инсталирани видеобимови по должината на Копакабана, и тоа за најголемиот концерт во нејзината кариера, на кој таа го сруши рекордот на Мадона од 1,6 милиони посетители.

Организаторите изјавија дека на концертот присуствувале 2,1 милиони луѓе.

Гага ѝ рече на публиката во Бразил:

– Многу ми е чест што сум тука со вас вечерва. Вечерва создаваме историја, но никој не создава историја сам. Без сите вас, прекрасните луѓе од Бразил, немаше да го имам овој момент. Ви благодарам што создавате историја со мене. Бразилскиот народ е причината зошто денес блескам. Но, од сите работи за кои можам да ви се заблагодарам, најмногу сум благодарна за ова: што ме чекавте – рече Гага, според светските агенции.

Лејди Гага последен пат настапи во Бразил во 2012 година – затоа многу обожаватели, познати како „Little Monsters “, почнаа да се собираат во зори и трпеливо чекаат во долги редици за да пристапат до оградениот дел од плажата. Тие го поминаа целиот ден под жешкото сонце, додека други се качуваа по дрвјата решени да имаат панорамски поглед.

Повеќе од 5.000 полицајци беа одговорни за безбедноста на настанот. Навивачите мораа да поминат низ детектори за метал, а беа користени и дронови и камери за препознавање лица.

Концертот е дел од промотивната турнеја за осмиот албум на Гага „Mayhem“.

Лејди Гага го започна настапот околу 22:10 часот. локално време со нејзината песна од 2011 година „Bloody Mary“, која беше дочекана со еуфорија од публиката, која пееше и танцуваше на песочната плажа.

„Ние сме чудовишта“

Пејачката ги изведе своите класични хитови, вклучувајќи ги „Poker Face“ и „Alejandro“, додека се пресоблекуваше во низа тоалети, вклучувајќи една во боите на бразилското знаме.

Кон крајот на вечерта, Лејди Гага повторно им се обрати на публиката: „Ние сме чудовишта, а чудовиштата никогаш не умираат“. Таа го затвори концертот со култната песна „Bad Romance “, а властите се надеваат дека концертот ќе му помогне на локалниот туризам.

– Тоа носи активност во градот за време на она што претходно се сметаше за мртва сезона, ги полни хотелите и ја зголемува потрошувачката во баровите, рестораните и продавниците и генерира работни места и приходи за населението - рече Осмар Лима, секретарот на градот за економски развој, во соопштение објавено минатиот месец од туристичката организација на градот.

Градските власти во неодамнешен извештај изјавија дека очекуваат концертот да внесе најмалку 106 милиони долари во економијата на Рио.

Планирано е да се одржуваат слични концерти секоја година во мај, барем до 2028 година.

Најпосетуваниот концерт на ова место е новогодишниот концерт на Род Стјуарт во 1994 година, кога на плажата дојдоа четири милиони луѓе. Според Гинисовата книга на рекорди, тоа бил најголемиот бесплатен рок концерт во историјата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk