Од 22 јули 2020 година, Луна и Марко имаат 175.000 „претплатници“ на нивниот прв Јутјуб канал, додека поновиот, лансиран на 7 мај минатата година и кој прикажува забавни емисии што ги води Ѓогани, има нешто над 36.000 претплатници.
Заработиле за стан
Марко Миљковиќ откри дека за само три години успеале да достигнат милион прегледи, што значи дека заработиле 180.000 евра.
– И еве што заработивме за 100 милиони и 3 години ангажман на Јутјуб – не е лошо, ќе биде подобро. Ви благодариме, наши најсилни – напиша Марко Миљковиќ пред две години, и нема сомнение дека заработката во меѓувреме се зголеми.
Сепак, се чини дека и Луна и Марко добија конкуренција.
Анели Ахмиќ и Лука Вујовиќ им објавија на фановите за време на викендот преку Инстаграм дека отвориле YouTube канал.
– Од нас, за вас – беше истакнато со емотикон во форма на срце во описот на истиот, кој беше креиран на 26 јули оваа година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата