Македонскиот музички кантавтор и изведувач со интернационална кариера Владимир Четкар мај ќе одржи концерти во Охрид, Скопје и Будимпешта. На 1 мај Четкар ќе настапи во Охрид во Хотел Су покрај градскиот кеј, на 7 мај ќе се претстави пред скопската публика во Јавна Соба / Public Room, а веќе на 30. ќе одржи концерт во Будимпешта во Budapest Jazz Club кој важи за најпопуларниот џез клуб во Унгарија
Четкар на овие три настапи ќе се претстави со комплетно авторска програма од своите четири студиски албуми, а ќе биде придружуван од некои од најдобрите македонски и унгарски музичари.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата