Американскиот актер и поранешен републикански гувернер на Калифорнија спонтано диригираше оркестар и публика која пееше во пивница на Октоберфест и очигледно се забавуваше одлично, наведуваат германските медиуми.
После тоа, ѕвездата на филмот „Терминатор“ се фотографираше со музичарите во петокот навечер, објавува АП.
Шварценегер (78), облечен во традиционален баварски кожен елек, кошула и фармерки, беше придружуван од партнерката Хедер Милиган и синот Кристофер.
Тој го посети најголемиот фолклорен фестивал во светот во германската покраина Баварија неколку пати во минатото, вклучувајќи го и шаторот Марстал, еден од многуте на фестивалот.
Овогодинешниот Октоберфест започна на 20 септември и завршува на 5 октомври.
Најголемиот фестивал на пиво во светот обично привлекува до шест милиони посетители.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата