logo
logo
logo

Две титули за Македонија на Мис ЕВРОПА 2025

Vecer | 15.05.2025

 Две титули за Македонија на Мис ЕВРОПА 2025

Неодамна во Бејрут, Либан се одржа изборот за Мис на Европа 2025, на кој Македонија ја претставуваа две убавици. Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка и Соња Арсовскa од Кавадарци. Двете успеаја да освојат титули.

Во конкуренција на 50 девојки од цела Европа, Јулијана го освои одличното 6. место, односно титулата 5. придружничка (5th RunnerUp), додека Соња ја освои титулата Miss BEST COSTUME. Победничка е претставничката на Русија Јулија Павликова, првата придружничка е од Украина, а втората од Грција.

Двете наши девојки се членки на модното студио Црнокрак, кое ја има лиценцата за Македонија за овој избор за убавина и во чија организација девојките патуваа во Бејрут и учествуваа на изборот. Финалето се одржа во прекрасниот клуб Куора во Бејрут, во организација на либанската агенција Style Events Organization, која веќе 20 години е организатор на изборот за Мис Европа.

Јулијана остана во Бејрут каде во иста организација следува изборот за WORLD NEXT TOP MODEL 2025, на кој таа исто така ќе учествува и ќе ја претставува Македонија  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk