logo
logo
logo

Бредли Купер се откажа од својот заштитен знак, сите се чудат поради новиот изглед (ФОТО)

Vecer | 01.10.2023

Бредли Купер се откажа од својот заштитен знак, сите се чудат поради новиот изглед (ФОТО)

48-годишникот е познат по својата долга коса во последните години, но сега очигледно решил да направи промена, објави Пејџ Сикс.

Инаку, Купер неодамна гостуваше во Running Wild With Bear Grylls каде со познатиот авантурист разговараше за животните предизвици и здравствените проблеми. Актерот меѓу другото изјавил и како славата и целиот свет на забавната индустрија влијаеле врз него во текот на неговата децениска кариера.

Купер во еден момент во текот на епизодата му кажал на водителот Бер Грилс дека не е „изгубен во славата“, што го поттикна Грилс да праша: „Но, дефинитивно имавте дива година? „Што се однесува до алкохолот и дрогата, да. Но, тоа нема никаква врска со славата“, одговори Купер и додаде: „Имав среќа. Се отрезнав на 29 и трезен сум 19 години. Имав многу среќа“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk