logo
logo
logo

Бред и Анџелина повторно на СУД

Vecer | 09.07.2021

Бред и Анџелина повторно на СУД

Анџелина Џоли го продава својот удел од винаријата и целиот бизнис со вино што заедно со нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит го поседуваат, пишува Пејџ Сикс.

Таа исто така сака да го продаде својот удел во Нувел ДОО, компанија со седиште во Луксембург, која управува со лозјето Шато Миравал, што го купија со Пит во Франција во 2011 година. Поранешните сопружници имаат еднаков удел во лозјето.

Пејџ Сикс пишува дека поднела барање во Лос Анџелес за укинување на привремената забрана за пристап до нивниот имот, што следело автоматски кога поднела барање за развод во 2016 година. Судијата допрва треба да одговори на барањето на актерката да ја укине автоматската привремена забрана за пристап до имотот, но нејзиното итно барање веќе беше одбиено во јуни.

Адвокатскиот тим на актерката изјави за странските медиуми дека поранешните сопружници досега имале долги преговори, но не успеале да постигнат договор. Анџелина сега најде купувач од трета страна.

Патем, поранешните сопружници потрошиле повеќе од еден милион долари на парнични спорови за старателство над децата во последните пет години.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk