„Во старата да ја оставиме негативната енергија, во новата да бидеме почовечни, да се сакаме повеќе и да правиме добри дела зашто животот е карма - што даваш тоа ти враќа!“, вели Бојана Скендеровски, која старата меѓудругото ќе ја памети и по низата успешни проекти и соработки.
Токму преку последната со Ивана Кнез таа реши да испрати моќна порака, облечена во маичка со наптпис дека треба да бидеме супер човечни и никако да не го заборавиме тоа во Новата 2024.
А старата ќе и остане забележана како одлична и мошне плодна година во која неколкуте нејзини нови песни брзо го најдоа патот до срцата на публиката, но и одличниот проект „Македонијо во срце те носиме“, кој ја обои Македонија со најубавите звуци и не потсети дека треба да го чуваме највредното – музичкиот аманет што ни го оставиле генерациите пред нас.
Во првиот дел од приказната наречена „Македонијо во срце те носиме“, која опфати 12 песни со патриотска тематика се одржаа 8 концерти во исто толку градови, а веќе во следната година следува продолжението на оваа убава македонска приказна.
Бојана во рамки на проектот со потписот на Скендеровски продукција ја отпеа неповторливата “Заветна“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата