Познатите и славнки личности изгледаат недопирливи во очите на нивните фанови, но дури и тие се борат со проблеми како и сите други луѓе. Некои јавни личности зборуваа за здравствените проблеми со кои се соочуваат, а некои дури имаат и неизлечиви болести. Меѓу нив се Емили Кларк, Тони Брекстон, Чарли Шин, Селин Дион
Емили Кларк имаше два мозочни удари.
Актерката имаше две мозочни аневризми, или абнормално проширување на крвните садови во мозокот, што доведе до два мозочни удари. „Дел од мојот мозок повеќе не може да се користи, едноставно е неверојатно што воопшто можам да одам и да зборувам, понекогаш смислено. Експертите не разбираат како го живеам животот без никакви последици“, се пошегувала на своја сметка во една прилика.
Тони Брекстон боледува од лупус.
Тони со децении е позната како пејачка, текстописец, пијанистка, актерка и телевизиска ѕвезда и како жена која има продадено повеќе од 70 милиони плочи ширум светот и е една од најпродаваните уметници во историјата. Во 2008 година и бил дијагностициран лупус, а поради компликации предизвикани од болеста, била оперирана откако лекарите откриле дека 80% од главната артерија во срцето и е блокирана.
Иако признава дека само размислувањето за искуството ја прави емотивна, денес е едноставно благодарна што ситуацијата не резултирала со фатален срцев удар.

- На тоа гледам како на благослов за мене, бидејќи сега нема ни да ми падне на памет да ги одложам тестовите. Ако сè што треба да направам за моето здравје за мојот лупус и бубрези е да мочкам во чашка или да дозволам да ме боцнат и да ми земат крв. Колку пати треба да мочкам? Колку ампули со крв се потребни?, се пошегувала Тони.
Чарли Шин за неговата борба со ХИВ
Контроверзниот актер Чарли Шин во 2013 година откри дека е ХИВ позитивен, бидејќи четири години претходно му била дијагностицирана болеста. Тој бил заразен од транссексуална проститутка додека имале секс.
"Секогаш го промовирав и велев дека треба да користиш кондоми. Една вечер бев премногу пијан или премногу уморен и се случи тоа што се случи. Поради ХИВ, немам ерекција кога ќе помине жена и тоа е во ред. Се шегувам со мојата дијагноза затоа што морам. Инаку на сите им е непријатно“, рекол актерот за неговата дијагноза.
Борбата на Ким Кардашијан со псоријазата
Псоријазата е една од најчестите кожни болести, а како што објаснуваат дерматолозите, во повеќето случаи таа е предизвикана од комбинација на еколошки и генетски фактори. Всушност, тоа е хронична болест за која нема лек, а ги погодува сите возрасни групи. Една од најпознатите риалити ѕвезди, Ким Кардашијан, често во медиумите вели дека и самата има псоријаза. На Ким во 2010 година и била дијагностицирана псоријаза, а ја наследила од нејзината мајка Крис Џенер.
„Имам псоријаза и ништо не можам да направам за да ја поправам, така што нема причина да се чувствувам непријатно поради тоа“, изјави еднаш Ким.

Селин Дион
Пејачката боледува од невролошко пореметување синдром на вкочанета личност, кој и беше дијагностициран есента 2022 година. Поради ова, таа ја одложи својата турнеја и сите настапи. Таа со месеци се повлече во илегала, а минатото лето привлече големо внимание со појавувањето на Олимписките игри во Париз. Селин призна дека болеста влијаела на нејзиниот одење и глас, што го прави речиси невозможно пеењето на начинот на кој таа била навикната. Пејачката реши целосно да се посвети на своето лекување и физичка рехабилитација, работејќи со медицинскиот тим за најдобро да се подготви за животот со оваа болест. Нејзината цел е повторно да ја види Ајфеловата кула, верува во својата внатрешна сила и нагласува дека ништо нема да ја спречи.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата