logo
logo
logo

Били Боб Торнтон за бракот со Анџелина Џоли: Во медалјони чувавме по капка крв од другиот

Vecer | 19.11.2025

Били Боб Торнтон за бракот со Анџелина Џоли: Во медалјони чувавме по капка крв од другиот

- Секој од нас имаше мал медалјон - буквално со капка крв во него. Беше тоа мала романтична идеја и - тоа беше сè. Но, кога сè ќе заврши, ние сме вампири. Живееме во темница, ја пиеме крвта еден на друг и слично, се пошегува тој во разговорот за „Ролинг стоун“.

Тој исто така, рече дека одлично се забавувале во бракот и дека останале во добри односи по разводот.

- Таа и јас сè уште сме многу, многу блиски пријатели. Тоа беше цивилизирано разделување. Едноставно, прекинавме затоа што нашите животни стилови беа многу различни, изјави тој.

Торнтон и Џоли се запознале во 1999 на снимањето на филмот „Контролна кула“ (Pushing Tin) и се венчаа во 2000 година. По две години објавија дека го посвојуваат својот син Медокс од Камбоџа. Се разведоа во 2003 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk