logo
logo
logo

Бијонсе преживеа потенцијално опасна незгода во Тексас

Vecer | 30.06.2025

Бијонсе преживеа потенцијално опасна незгода во Тексас

Во сабота, ар-ен-би пејачката ја изведуваше својата песна „16 Carriages“ во автомобил што висеше над публиката на стадионот во Хјустон, но големиот реквизит почна да се навалува во воздухот... Застрашувачкиот миг е споделуван и како видеоснимки на „Тикток“, „Фејсбук“ итн., каде што се гледа како Бијонсе седи на врвот на црвениот, врзана со сигурносен појас и се држи за еден од каблите прикачени на автомобилот што се навалува.

- Стој, стој, стој, стој, стој!, вели пејачката потоа во микрофонот, додека музиката се исклучува.

Бијонсе останува да во воздухот, повторно погледнува надолу кон земјата, па нагоре, пред да се насмевне кон публиката. По неколку секунди, додека сè уште виси во воздух, пејачката се обидува да ги смири своите обожаватели.

- Ви благодарам на сите за вашето трпение, вели таа.

Бијонсе потоа e безбедно спуштена на стадионот, заедно со возилото. За крај, таа ѝ се насмевнува на публиката, додека светлата се исклучуваат.

На друго видео на мрежата „Икс“, Бијонсе им вели на луѓето: - Ако некогаш паднам, знам дека сите ќе ме фатите!, што предизвикува општо воодушевување во тој миг.

Точката со автомобил во воздухот таа ја изведе и во Лондон, Велика Британија.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk