logo
logo
logo

Бен Афлек сликан со поранешната сопруга Џенифер Гарнер

Vecer | 05.03.2025

Бен Афлек сликан со поранешната сопруга Џенифер Гарнер

Имено, папараците ги фотографирале насмеани, блиски и во прегратка, сред „Пејнтбол“ игра со нивниот син Семјуел во Кастаик, Калифорнија, САД, но и по таа семејна активност, објави „ТМЗ“ (TMZ).

И претходно американските медиуми тврдеа дека двојката минува сѐ повеќе време заедно, откако Афлек се разведе од Џенифер Лопез. Во меѓувреме, „оскаровецот“ мораше и да се засолни во куќата на Гарнер во јануари, оти неговиот дом беше во опасноста од пожарите околу Лос Анџелес.

Афлек и Гарнер останаа во пријателски односи по нивната разделба во 2015 година, а се разведоа во 2018 година. Иако Гарнер е во врска со Џон Милер речиси седум години, неодамна се појавија тврдења дека и тој „е прилично незадоволен“ од нејзините сè поблиски односи со поранешниот сопруг. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk