Соништата се остваруваат, а токму тоа го потврдуваат и дечките од Barcelona Gipsy balKan Orchestra (
BGKO) на кои токму најавениот скопски концерт, кои одамна го посакувале, а закажан за крајот на оваа 2022 година ќе им биде последниот во агендата.
Скопскиот концерт на бендот што поместува граници кога станува збор за експериментирањето во музиката е закажан на 11 декември во Македонска Филхармонија и ќе биде едно убаво заокружување на големата светска турнеја по повод 10. јубилеј.
Концертот е со почеток во 20 часот и всушност е премиерна дружба со македонската публика, за која екипата составена од Италијанката Маргерита Абита (вокал), Иван Ковачевиќ (контрабас, Србија), Стелиос Тогиас (перкусии, Грција), Жулиен Шанал (гитара, Франција), Чави Пендон, (кларинет, Шпанија), Пере Ноласк Туру (виолина, Шпанија) и Фернандо Салинас (хармоника, Шпанија) е пресреќна што конечно се случува.
Билетите се пуштени во продажба преку продажната мрежа на
Мктикетс, и тоа во три категории и по цена од 1000 и 1200 денари, како и 1500 денари за ВИП влезниците.
https://youtu.be/ygkLVSwG5Is
Нашиот прв настап во земјата која ни даде толку многу музички!! На публиката и ветуваме дека ќе добие емоции на различни нивоа, а ние од истата очекуваме да му покажеме на светот дека сепак ова е БАЛКАН!! Многу македонски песни поминаа низ нашиот репертоар за 10 години и нема крај на истражувањето на неисцрпните музички богатства на оваа земја. Подготвуваме изненадување какво што моментот и го заслужува!, рекоа дечките од БГКО во неодамнешното ексклузивно интервју за Vecer.mk.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата