Откако Блејк Лајвли поднесе тужба против нејзиниот колега и режисер Џастин Балдони за сексуално вознемирување, тој ѝ возврати неа и на нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс со нова тужба во која бара отштета од најмалку 400 милиони долари за уцена, клевета и нарушување на приватноста.
Во тужбата откри различни детали, како на пример дека Блејк се шегувала со неговиот физички изглед, особено со носот, за време на снимањето на филмот It Ends with Us. „Во еден момент Лајвли „излезе од улогата“ и почна да се шегува на сметка на носот на Балдони, на што тој се смееше и се пошегува, иако Лајвли рече дека треба да размисли за пластична операција“, пишува во дел од новата тужба што ја поднесе Балдони, пренесува Daily Mail.
Исто така, се забележува дека „наводите дека Балдони несоодветно го коментирал нејзиниот физички изглед не се точни и дека всушност било обратно“.
„Оваа најнова тужба на Џастин Балдони, студиото Wayfarer и нивните соработници е само уште едно поглавје во книгата на насилникот. Ова е приказна која постои долго време: една жена доаѓа со конкретни докази за сексуално вознемирување, а насилникот се обидува да ја сврти приказната против неа“, велат адвокатите на Блејк Лајвли за Page Six.
Тие, исто така, ја обвинија продуцентската куќа на Балдони, Wayfarer Company, дека поднела несериозни обвиненија за „да ја спречат јавноста да разбере дека она што тие го прават е одмазда за обвинувањата за сексуално вознемирување. Тие се обидуваат да ја променат приказната за да изгледа како г-ѓа Лајвли да ја презеде креативната контрола и го сврте целиот тим против г-дин Балдони“.
Тие тврдат дека доказите ќе покажат дека и другите членови на актерската екипа имале непријатни искуства со Балдони.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата