Познатата ријалити ѕвезда и една од најбогатите жени е позната по своите екстравагантни и често необични изданија, а овој пат отиде чекор понатаму. На свечената гала на Музејот на Академијата што се одржа во Лос Анџелес, таа се појави во она што многумина го опишаа како „сцена од хорор филм“.
Мајката на четири деца и основач на брендот Skims, 44-годишната Ким Кардашијан, целосно го покри лицето, како и целата глава, со беж маска, па се чинеше дека едвај може да види нешто. Заедно со маската, таа носеше гламурозен фустан во иста боја, со богати ткаенини што паѓаа по рацете, и блескав дијамантски накит околу вратот.
Стануваше збор за креација од Margiela couture, која, како што откри за списанието Variety, ја избрала во последен момент.
„Глен Мартенс. Знаеш дека ја сакам Марџиела“, рече Ким, додавајќи со насмевка, „Го донесов мојот омилен шминкер, Марио, од Њујорк, и сето ова беше прилично спонтано, па сигурна сум дека не е премногу воодушевен“.
Под маската, се разбира, таа имаше целосна шминка и уредно средена коса, а ја отстрани маската подоцна навечер.
„Да, изгледот е ист како на Скимс“, објасни Ким. „Затоа го избрав кога ја видов модната ревија на Марџиела - си помислив: „Ова е целосно мој стил“.“
Интересно е што ова не е прв пат Ким да го скрие своето лице на црвениот тепих. Во 2021 година, на познатата Мет Гала во Њујорк, таа се појави во целосно црн костум од Баленсијага, заедно со нејзиниот тогашен сопруг Канје Вест, а потоа предизвика вистинска лавина од коментари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата