logo
logo
logo

Невидена еуфорија: Скопскиот концерт на Јаков Јозиновиќ речиси распродаден

Vecer | 17.03.2026

Невидена еуфорија: Скопскиот концерт на Јаков Јозиновиќ речиси распродаден

Регионалната сензација Јаков Јозиновиќ ја најави својата турнеја за 2026 година „Ја за чуда летим“, во чии рамки тој за првпат ќе настапи во Скопје – на 9 април во Арена „Јане Сандански“!

Неодамна Јаков ги објави и своите први два сингла „Поље ружа“ и веќе најслушаниот хит во целиот регион „Ја волим“ кој само за нешто повеќе од еден месец на Јутјуб оствари скоро 11 милиони прегледи.

Со овие изданија Јаков го најави новото поглавје во својата музичка кариера, кое ја вклучува и големата регионална турнеја која е во тек и со која ги полни салите до последно место ширум бившите ју-простори . Во рамки на турнејата тој ќе одржи концерти во Арена Загреб, дури пет концерти во Сава Центар (Белград), како и настапи во Нови Сад, Риека, Сплит, Осијек, Љубљана… и секако големиот концерт во Скопје, закажан за 9-ти април во СЦ „Јане Сандански“.

Еуфоријата по новата млада музичка ѕвезда насекаде е незапаметена, а побарувачката за билети огромна. Така е насекаде, така е и во Македонија, каде за скопскиот концерт веќе се распродадени повеќе од 70% ( седумдесет проценти) од капацитетот на арената „Јане Сандански“, известува организаторот.

Билети се’ уште може да се набават онлајн на мрежата на: mktickets.mk/en/concerts-en/jakov-jozinovic-ja-za-cuda-letim/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk